24/04/2024
Македонија

Објавен Јавен повик за пријавување на хотели за прием на гости со ваучери за туризам за работници со ниски приходи

Министерството за економија го објави Јавниот повик за пријавување на интерес од страна на угостителските објекти за сместување за прием на гости кои ќе добијат Потврда за одмор на работници со ниски приходи во вредност од 12.000 денари.

Основна цел на оваа мерка е да  им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат   годишен одмор во туристичките центри во Република Северна Македонија, и во исто време да  им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа

Право на учество на јавниот повик имаат сите категоризирани угостителски објекти за сместување (хотели) кои се лиценцирани и се во туристичките центри во Република Северна Македонија и туристичките агенции со А Лиценца. 

За пријавување на интерес угостителските објекти за сместување (хотели) и туристички агенции со лиценца А до Министерството за економија треба да достават пополнет образец за барање за пријавување на интерес (готов формулар).

По пријавување на угостителските објекти и туристичките агенции, Министерството за економија ќе објави и јавен повик за сите лица кои сакат да добијат ваучер за туризам во вредност од 12.000 денари. 

Ваучер за користење на одмор ќе добијат сите лица со ниски приходи кои што ќе аплицираат на јавниот повик, чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износ од 30.000 денари.

Крајниот рок за аплицирање е 31.05.2021 година.

Вкупниот буџет за реализација на проектот е 15.000.000 денари.

Јавниот повик е објавен на веб страната на Министерството за економија: https://www.economy.gov.mk/doc/2970