Оздравени се 69 пациенти, потврдени се 29 нови случаи на КОВИД-19, починати се 4 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти во: Скопје-18, Куманово-36, Дебар-1, Штип-1, Велес-10, Гевгелија -1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациентка на возраст од 55 години лекувана на клиниката од 24 април и 87 годишен пациент лекуван на клиниката од 27 април, и двајцата со тешка форма на болеста и респираторна слабост. Институтот регистрира уште едно починато лице во Прилеп, жена на возраст од 69 години, позитивна на вирусот, починала дома. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од с. Зрновци (Кочани) на 62 годишна возраст, на болничко лекување од 21 април.

Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-4, Прилеп-3, Тетово-2, Велес-6, Кочани-3.
Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1494, бројката на оздравени пациенти е 807 , на починати е 81, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606. Последната дистрибуција по градови е следна:
•       Скопје – 509
       Куманово – 393
       Дебар – 51
       Штип-34
       Прилеп –153
       Тетово – 84
       Струга – 66
       Велес – 77
       Битола –19
       Охрид –15
       Кавадарци – 5
       Гостивар –17
       Гевгелија – 4
       Струмица – 2
       Крива Паланка-5
       Радовиш – 4
       Крушево – 3
       Кочани – 31
       Пробиштип – 2
       Кичево – 2
       Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
       Демир Хисар – 1
       Македонски Брод -2
       Пехчево- 2
       Делчево-1
       Валандово -1
       Виница – 2

Направените 362  теста се преку: ИЈЗ –285, Ветеринарен ф-тет -11, Авицена –9, Биотек –26, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода  -21 и МАНУ -10.  Досега во земјата се направени вкупно 16798 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 2 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 48. На кислородна поддршка се 27, а на механичка вентилација е 1 пациент.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 26 пациенти. Од нив 4 пациенти се на респираторна машина и уште 3 со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 44 позитивни и суспектни на КОВИД-19.