18/04/2024
Македонија

Премиерот Ковачевски предводи делегација на Владата во посета на Вселенската патријаршија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, утре (недела), 12.06.2022 година ќе предводи делегација на Владата на Република Северна Македонија којашто во рамките на работната посета на Туркије ќе престојува во Истанбул за да учествува на литургијата што заеднички ќе ја сослушуваат Архиепископот Охридски и Македонски и поглавар на МПЦ-ОА, г. г. Стефан и Патријархот на Вселенската патријаршија и Архиепископ Цариградски Вартоломеј.

Претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски и членовите на делегацијата Бујар Османи, министер за надворешни работи, Славјанка Петровска, министерка за одбрана и Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, во Фанар ќе присуствуваат на Патријаршиската и Синодолна Света Литургија, откако во четвртокот вселенскиот патријарх г. Вартоломеј на нашиот архиепископ г. г. Стефан му го предаде актот на Вселенската патријаршија за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви.

Агендата од работната посета на делегацијата на Владата на Северна Македонија на Вселенската патријаршија предвидува прием за членовите на делегацијата и тет-а-тет средба на премиерот Ковачевски со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.