20/05/2024
Македонија

Претседателот Стево Пендаровски положи цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОБ

По повод чествувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, претседателот Стево Пендаровски положи цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОБ во Алејата на великаните на градските гробишта во Бутел.

Претходно претседателот Пендаровски оддаде почит и се поклони на гробот на првиот претседател Киро Глигоров, на гробот на генерал Михајло Апостолски, и на гробот на претседателот Борис Трајковски.