11/11/2024
Македонија

Серија јавни дискусии со експертската јавност и со граѓаните во врска со нацрт-амандманите за измени на Уставот на Република Македонија

Владата на Република Македонија организира серија јавни дискусии со експертската јавност и со граѓаните во врска со нацрт-амандманите за измени на Уставот на Република Македонија

Почнувајќи од 05.12.2018 година (среда), Владата на Република Македонија организира серија јавни дискусии со експертската јавност и со граѓаните во врска со нацрт-амандманите за измени на Уставот на Република Македонија, со цел инклузивност во историскиот процес за обезбедување на европската и евро-атлантската иднина на Република Македонија.

Првата јавна дискусија ќе се одржи на 05.12.2018 година (среда) со почеток во 16:30 часот, во Свечената сала во Владата на Република Македонија. Говорници ќе бидат премиерот Зоран Заев и универзитетските професори, проф. д-р Владо Поповски и проф. д-р Љубомир Фрчкоски. Дискусијата ќе ја отвори и воведе портпаролот Миле Бошњаковски.

Втората јава дискусија ќе се одржи на 06.12.2018 година (четврток) со почеток во 12:00 часот во Универзитетот ФОН. Говорници ќе бидат премиерот Зоран Заев, ректорот на ФОН универзитетот, проф. д-р Нано Ружин и универзитетскиот проф. д-р Темелко Ристевски. Дискусијата ќе ја отвори и воведе деканката на правниот факултет, Сејдефа Џафче.

Третата јавна дискусија ќе се одржи на 07.12.2018 година (петок) со почеток во 10:00 часот, во Македонска академија на науките и уметностите. Говорници ќе бидат Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи на Република Македонија,  Никола Димитров, академик проф. д-р Владо Камбовски и универзитетскиот проф. д-р Светомир Шкариќ. Дискусијата ќе ја отворат академците Таки Фити и Владо Камбовски.

Четвртата и петтата јавна дискусија ќе се одржат на 10.12.2018 година (понеделник) со почеток во 10:00 часот во Штип и во Тетово.

Во јавната дискусија во Општина Штип, говорници ќе бидат премиерот Зоран Заев, судијката Маргарита Цаца Николовска и универзитетскиот проф. д-р Ѓорѓи Спасов. Дискусијата ќе ја отвори и воведе градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Во јавната дискусија во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, говорници ќе бидат заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, универзитетската професорка д-р Беса Арифи и универзитетскиот проф. д-р Блерим Река. Дискусијата ќе ја отвори и воведе ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Абдулменаф Беџети.