Средба на министерот Оливер Спасовски со Амбасадорката на Украина во Република Македонија Наталија Задорожњук
Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се сретна со Амбасадорката на Украина во Република Македонија Наталија Задорожњук .
На средбата беа потврдени пријателските односи, довербата, отсуството на отворени или спорни прашања помеѓу двете држави, како и соработка во голем број области од заемен интерес. Соговорниците разговараа за продлабочување на досегашната меѓусебна соработка, особено во областите на миграцијата, организираниот криминал и корупцијата, тероризмот, како и борбата против екстремизмот и насилниот радикализам.