24/04/2024
Македонија

Утревечер ќе имаме нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено во југоисточните делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Во понеделник претпладне се уште ќе има услови за локален дожд, а потоа времето ќе биде претежно стабилно со постепен пораст на дневната температура.