18/05/2025
Охрид

Градоначалникот Пецаков со честитка по повод 1 Мај, Денот на трудот

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка по повод 1 Мај , Денот на трудот.

„Денес го славиме достоинството на трудот, посветеноста на работниците и сите оние кои со своeто знаење и работа го движат општеството напред.

Нека овој ден биде потсетник за вредноста на праведните услови за работа, заштитата на работничките права и важноста на солидарноста.

Честит 1. Мај – Меѓународен ден на трудот! Имајте пријатни празнични мигови!“ се вели во честитката.