Лишен од слобода разбојник во Скопје, осуден на казна затвор од три години и шест месеци
Денеска (03.06.2025) на ул. “Бранко Заревски” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.П. (31) од Скопје, кој бил баран со централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од три години и шест месеци поради сторено кривично дело во врска со член 237 (разбојништво) од КЗ . Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.