17/05/2025
Македонија

Мицкоски со одлична вест: Растот на индустриското производство за март е 5,2 отсто споредбено со лани

На пат од Валенсија кон Скопје, добив одлична вест во авион: раст на индустриското производство за Март од 5,2% на годишно ниво, споредено со Март 2024 година и после долго време раст на индустриското прозводство на квартално ниво. Имено, во првиот квартал од 2025 споредено со првиот квартал од 2024 година, индустриското производство порасна за 2%. Посебно радува фактот што расте преработувачката индустрија во Март за 4,8%, а во првиот квартал за 3,6%. 

Што наследивме како влада? 

Во вториот квартал од 2024 година, индустриското производство паѓаше со -7%, а индустријата беше во тешка рецесија. Следеа два квартали на стабилизација и конечно имаме во првиот квартал од 2025 година раст на индустриското производство, во исклучително сложени услови за Европската економија и автомобилската индустрија. Ова се солидни индикатори и инспирација да продолжиме со дисциплинирани и развојни економски политики. Горда Македонија е богата Македонија!

#МакедонијаПовторноТвоја

Линк од фб статус:

https://www.facebook.com/share/p/16PS3NVeNr/