Приведен возач од кичевско, управувал возило со 1,81 промили алкохол во крвта
На 03.06.2025 во 21.20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода П.М.(42) од кичевското село Лазоровци. При контрола во патниот сообраќај и извршено алкотестирање, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „мерцедес“ со 1,81 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „Безобѕирно управување со моторно возило“.