28/05/2025
Македонија

НовАсном: Честит Први Мај

На народот на Ленка и Рацин, на Тутуноберачите и Печалбарите му го честитаме од се срце денот на трудот.  

Во годината на падот на УСАИД, потсетуваме дека творештвото на овој народ умеело да ги жигоса подеднакво кодошот и дембелот, измамникот и скржавецот. И денес, кога се сеќаваме на стихот на библијата, во потта своја ќе го печалиш својот леб, не можеме, а да не го поставиме повторно прашањето. Како дојдовме до тоа, вредниот и чесниот да црвенеат пред децата и ближните, а измамникот и лукавиот да бидат препознати како врв на општествениот и стопанскиот успех?  

Во името на трудот, во името на честа, во името на потта, го поздравуваме народот на трудбениците, на жетварите и на работниците. 

Да ни живее трудот!