26/04/2024
Охрид

Албански државјанин паднал во отвор за лифт во Охрид

На 10.09.2018 година околу 22:30 часот во објект во изградба на ул.„Абаз Емин“ во Охрид, Џ.В.(48) од Република Албанија паднал во необезбеден отвор за лифт од висина од околу еден метар и 70 см. Со возило на Итна медицинска помош, тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната помош бил задржан на лекување.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.