25/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ и Георгиески целосно го деградираа образовниот процес

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Локалната власт и градоначалникот Константин Георгиески и покрај одложениот почеток на учебната година не успеаја да ги решат проблемите за успешен старт на сите ученици.

Зошто учениците од Вапила и Ливоишта беа оставени сами на себе и без настава на првиот училишен ден, но и ден потоа?

Директорката на ОУ „Ванчо Николески“ како можела да дозволи да нема автобуски превоз за учениците?

Кога Георгиески планира да го реши проблемот со редовниот превоз на патници со кој се соочуваат жителите од селото Куратица и околните села?

Бараме понеделник да бидат обезбедени сите услови каде што има целосна дозвола за организирање настава со физичко присуство за учениците.

Власта на СДСМ и Георгиески целосно го деградираа образовниот процес.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.