26/04/2024
Охрид

„Биди среќен, сѐ ќе биде во ред“ – порака од ООУ „Григор Прличев“ Охрид за Интернационалниот ден на среќата

ООУ „Григор Прличев“ Охрид на различни едукативни начини одржува комуникација и интеракција со учениците од ова училиште и нивните родители. Денес, на Интернационалниот ден на среќата, раководната служба од училиштето постави порака до своите ученици на нивниот т.н. Весел ѕид: ” Биди среќен, сѐ ќе биде во ред”.

Ова училиште веќе неколку денови води интересна едукативна кампања за превенција од корона вирусот и воведување на неформални едукативни содржини. Под мотото ” #СедиСиДома, биди #Cool и учи си ” наставниците поделени во активи им испраќаат материјали со едукативни содржини на своите ученици постиирајќи ги истите на официјалната facebook-страна на училиштето. За возврат пак, задоволните ученици со своите родители испраќаат видеа споделувајќи со своите другарчиња активности кои можат да ги прават седејќи дома.

ООУ „Григор Прличев“ Охрид уште од месец јануари засилено воведуваше превентивни мерки за дополнителна заштита и превенција од сезонски грип и вируси. Еден од највисоките приоритети, велат од училиштето, е хигиената на учениците.