Бројни награди и сертификат за поставен Гинисов рекорд за 11 деца од Бреинобреин програмата

Единаесет деца од Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД кои на 24 ноември 2018 година учествуваа на меѓународниот Бреинобреин натпревар во Дубаи, покрај со бројни награди се стекнаа и со Сертификат за поставен Гинисов рекорд за најголем одржан час по ментална аритметика, со учество на повеќе од 3200 учесници.

Сертификатите на БОБ генијалците им беа доделени на 12 мај, во Скопје од страна на Мастер франшизерот на Бреинобреин програмата Драгана Гвозденовиќ и тренерот Валентина Кузмановска.