26/04/2024
Охрид

Честитки и подароци за трофејните млади каратисти

Младите каратисти од охридскит клуб КБС „ Кун- су- то“ кои под вотство на тренерот Игор Смилески, освоија медаљи на  24-тото Балканско превенство во карате, што се одржа во Бања Лука, Босна и Херцеговина,  денеска имаа средба со градоначалникот Константин Георгиески.

Во категоријата борба на машки до 10 години и тежина до 30 килограми сребрен медал освои Дамјан Митрески, а во категоријата борба на женски од 13 години  и тежина до 54 килограми бронзен медал освои Тамара Ѓурчиноска. На натпреварот учествуваа и Анастасија Смилевска и Козма Митревски.

Градоначалникот Георгиески им ги честита освоените одличја, им додели подароци и им посака во иднина да постигнуваат уште поголеми резултати.