18/05/2024
Охрид

Ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

Градоначалникот Константин Георгиески денеска имаше средба со ракометната легенда, најдобриот стрелец во светот и најдобриот македонски спортист Кирил Лазаров. На средбата Лазаров, се заблагодари за поддршката на општина Охрид во реализацијата на  ракометниот камп „ Кирил Лазаров 7 “ кој  по петти пат се одржува во хотелот „ Аквалина“ , а на градоначалникот му го подари неговиот репрезентациски дрес со број 7 и дресот наменет за учесниците на кампот.

На петото издание на ракометниот камп  кој  се одржува во две смени и истиот има интернационален карактер, учествуваат 380 деца од 13 земји. Тренинзите ги водат познати македонски тренери, ракометари и познати ѕвезди од клубови од странство кои играле заедно со Кирил Лазаров.