28/04/2024
Охрид

Охриѓанец повреден во сообраќајка на патот Охрид – Кичево

На 24.03.2018 година во 05:30 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, патничко возило „Сузуки свифт“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ш.Р. (31) од Охрид, излетало од патот и се превртело. Притоа, сопатникот во возилото А.Б. (67) од Охрид се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.