26/04/2024
Охрид

Делегација од Општина Охрид во посета на Јелова

Во рамки на работната посета на Р. Турција, делегацијата на општина Охрид предводена од заменик градоначалникот, Константин Георгиевски  и Илкер Мустафа од Секторот за ТЛЕР  вчера беше  во градот Јалова.

На средбата со  градоначалникот  Вефа Салман,  се разговараше за унапредување на соработката помеѓу двете општини, развој и имплементација на нови проекти кои ќе водат до поконкретна соработка  на повисоко ниво.  Од страна на претставниците на општина Охрид градоначалникот Салман  беше информиран за работата на  Унијата на  турски општини и донесените одлуки кои се од особено значење за развојот на општините членки.

На состанокот се разговараше  и за соработката со ТИКА, а акцент беше ставен на напорите на актуелната локална власт  во Охрид да се изгради  новиот објект на Основното  училиште „Братство Единство“ .

Градот Јалова  со којшто општина Охрид е збратимен од 2010 година  брои  140 00 жители.