29/03/2024
Охрид

Празникот Света Недела одбележан и во Долно Коњско

Христијанските верници денес го слават празникот посветен на Светата Великомаченичка Недела. По тој повод денес во црквата Света Недела во охридското село Долно Коњско се служеше света литургија, на која чиноначалствуваше парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски.

На литургијата присуствуваа верници од Коњско и околните места кои палеа свеќи и се молеа за здравје, среќа и благосостојба.

По повод празникот синоќа се одржа прослава, на која присутните верници ги забавуваше познатиот фолк пејач Спасен Силјаноски и фолк пејачката и гајдаџика, Елена Јовческа.

Повеќе за Црквата Св.Недела во Коњско

Храмот започна да се гради во 2007 година по иницијатива на Црковниот одбор, според проект на тогашната директорка на Завод и Музеј Охрид, Тања Бунташеска Паскали, а се изгради со донациите на локалните жители, како и жителите од пошироката околија.

Инаку, црквата „Света Недела“, беше осветена на 13-ти јули 2014 година, на празникот Собор на Светите славни и сефални апостоли – Павловден.

Нека е за многу години празникот!