26/04/2024
Македонија

Денес дожд со ретка појава на грмежи

Од УХМР известуваат дека денес во крајните западни и источни делови ќе има локални врнежи од дожд со ретка појава на грмежи и ќе дува засилен западен ветер. Во среда и четврток, во поголем дел од земјава ќе се задржи суво време. Нови врнежи од дожд се очекуваат во петок, а особено за време на викендот кога ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи.