07/10/2024
Охрид

МЗ Куратица со протест „Стоп за несериозноста на ЕВН“

Месната заедница од с.Куратица организира протест пред седиштето на ЕВН во Охрид.

„Да ставиме крај на несериозноста на ЕВН! Многу села од поранешната коселска општина со денови остануваат без напојување со електрична енергија за време на зимските месеци. Целта ни е да им препорачаме на ЕВН да инвестираат во мрежата. Ќе доставиме и писмено барање до ЕВН за санирање на катастрофалната состојба на мрежата и рокови за нејзино оспособување. Ги повикуваме сите оние кои го поддржуваат овој протест да ни се приклучат.“ – велат од МЗ Куратица.

Протестот ќе се одржи утре (14.03.2018) во 12:00 часот, а збирно место ќе биде кај Бистро Корнер, наспроти Охридска банка.