26/04/2024
Македонија

Детски семафор и Сообраќајно техничка култура на млади

Во организација на Секторот за внатрешни работи Куманово на 15.05.2018 година во основното училиште „Толи Зордумис“ во Куманово се одржаа регионалните натпревари од областа на сообраќајот „Детски семафор“ со учество на екипи од пет основни училишта и „Сообраќајно техничка култура на млади“ со учество на екипи од шест средни училишта во регионот.

Екипно, првите места ги освоија основното училиште „Толи Зордумис“ и средното училиште „Наце Буѓони“, кои денеска учествуваат на државните натпревари кои се одржуваат во Скопје.

Целта на оваа, како и на другите превентивни активности и кампањи, е подигање на јавната свест за сообраќајна кулура , почитување на сообраќајни правила и прописи и зголемување на безбедноста во сообраќајот кај сите, но првенствено кај најмладите.