26/04/2024
Спорт

Две години забрана за учество на натпревари за пливачкиот клуб „Струга“

Управниот Одбор на Пливачката Федерација на Македонија на седницата одржана на 05.01.2018 ги донесе следните одлуки:

  1. Зимски државни првенства согласно програма и календарот на ПФМ за 2018 година, ќе се одржат во Куманово. Технички организатор е ПК АКВА Куманово;
  2. Донесена е Одлука за забрана на учество на натпревари во рок од 2 години на пливачкиот клуб „Струга“ – Струга;
  3. Воведување Кодекс на однесување за пливачи – репрезентативци, тренери, официјални лица на ПФМ;
  4. Донесена е Одлука ПФМ да аплицира за организатор на Централно Европските Игри декември 2018;
  5. Поведување дисциплинска постапка пред дисциплинска комисија при ПФМ за тренерот Методија Ангелески.

Одлуките стапуваат на сила од денот на нивното донесување.