24/04/2024
Спорт

ШК Ласкер учествуваше на Квалификациите за Екипното првенство во шах 2020

Екипата на ШК Ласкер Охрид во состав: Целески Никола, Матески Стефан, Лушеска Елена, Матески Јулиан, Николовски Бранко Никола, Матески Драган, Лушески Константин, Неделкоски Филип и Лушеска Емилија, очекувано во својата група собра 7 поени, успевајќи да ремизира со ШК Струга (3:3), додека очекувано претрпе порази од многу посилните ШК Стево Патакот Битола (5:1), МШК Центар Скопје (3½ : 2½) и 4 Ноември Битола (4½ : ½).

„Ова за нашите млади шахисти, 7 шахисти од првата екипа се под 15 години) беше добра прилика за подготовка за престојните Поединечни младински првенства по категории.“ – велат од ШК Ласкер – Охрид.

Повеќе информации за постигањата може да најдете на: https://chess-results.com/tnr532592.aspx?lan=21