08/05/2024
Спорт

Томе Пачовски тренер на голманите во А македонската репрезентација

Томе Пачовски, поранешниот капитен на македонската А репрезентација е нов член во стручниот штаб на најдобрата наша селекција.

Поранешниот голман во домашните Пелистер, Брегалница Делчево, Работнички, Вардар, интернационалец во Јоникос (Грција) и белгиските Бершот и Мехелен ќе биде вклучен во стручниот штаб на селекторот Благоја Милевски како тренер на голманите во А репрезентацијата на Македонија. 

– За мене е голема чест што добивам можност да работам во националниот тим на Македонија. Со многу радост му се приклучувам на тимот предводен од селекторот Милевски. Верувам во оваа екипа и се надевам дека ќе помогнам. Имаме потенцијал, квалитетни фудбалери, селектор кој е студиозен, ништо не остава на случајност, работи според планирана програма и сака модерен фудбал. 

– Ги познавам фудбалерите во тимот, имаме квалитетни голмани и ќе се обидам да помогнам да бидат подобри и постојани во настапите. Заеднички ќе се трудиме да ја задржиме и надградиме позивната атмосфера во составот. Нѐ очекуваат големи предизвици во следниот периот, но секој вистински спортист се радува на тоа. 

Томе Пачовски има 46 настапи за нашиот национален тим. За македонската репрезентација дебитираше 2006. година на пријателскиот натпревар против Турција, а последниот настап во дресот на Македонија го имаше против Украина 2015 година.


ВебОхрид / 07.03.2022 / ФФМ