26/04/2024
Охрид

Едукативно предавање во ОУ „Живко Чинго“ за последиците и ефектите на болестите од зависност

Општинската организација на Црвениот крст Охрид организира едукативни предавања во сите основни и средни училишта во Охрид, во рамки на борбата против болестите од зависност, кампања која се одржува во текот на целиот месец ноември.

Денес, во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, се одржа презентација пред учениците од 8мо одделение. Целта е учениците да се запознаат со последиците и сите ефекти што ги предизвикуваат дрогата, алкохолот и цигарите.

Едукативните предавања ги одржаа д-р Соња Стурлакова Димовска и Георги Ставрески.

WebOhrid