ЕФСА подготви извештај за болеста чвореста кожа

Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) преку својата мрежа на фокални точки проследи информација за објавен научен извештај: “Болест на чвореста кожа – II. Собирање податоци и анализа” изготвен од страна на експерти од ЕФСА.

Извештајот содржи ажурирани информации во однос на појавата на болеста на чвореста кожа и ефикасноста од вакцинацијата, како и анализа на ризичните фактори за нејзиното ширење во југо-источна Европа.

Информациите во извештајот се засноваат на податоците собрани од земјите кои беа засегнати со оваа болест како и оние земји кои беа под ризик за појава на болеста и како најважен фактор за изработка на овој извештај се наведува взаемната соработка и посветеност на сите земји кои без вклучени во процесот на собирање податоци.

Клучни пораки на извештајот се:

• Појавата на жаришта на болеста на чвореста кожа во регионот на Балканскиот полуостровзначително се намали за 95% од 7,483 во 2016 година на 385 жаришта во 2017 година. Бројките потврдуваат дека вакцинацијата на говедата – што беше препорака на ЕФСА во 2016 година – претставува најефикасен начин за спречување на ширење на болеста;

• Во извештајот на ЕФСА се презентирани ажурираните податоци во однос на појавата на жаришта на болеста чвореста кожа како и ефикасноста од вакцинацијата. Исто така, извештајот прави анализа на ризичните фактори за ширење на болеста во југо-источна Европа. Извештајот се заснова на податоците собрани од страна на земјите кои беа зафатени со болеста како и оние кои беа под ризик на болеста;

• И покрај тоа што бројот на појава на жаришта е значително намален, болеста сеуште не е искоренета во регионот и поради тоа потребнa понатамошна претпазливост.