Фудбалските подмладоци од клубовите од соседните држави на подготовки во Охрид

ЈП „Билјанини Извори“ успешно ја продолжува соработката со Српската агенција „Спорт плус“ од Белград која е специјализирана за организација на спортски турнири и припреми.

„После нашето учество на првите Компаниски спортски игри кои се одржаа во Грција минатиот септември и плодните разговори и планови кои ги имавме и зацртавме со агенцијата сведоци сме на уште поголемото интензивирање на соработката помеѓу двата правни субјекти, а во интерес на целокупниот развој на спортски туризам во Охрид.

Имено од 02.02. до 02.03.2020 година Охрид и СРЦ „Билјанини Извори“ се домаќини на три фудбалски клубови, ФК Црвена Звезда, ФК Вождовац и ФК Графичар со повеќе од 200 фудбалери генерација 2004 и 2005. Покрај организираните припреми фудбалските тимови ќе одиграат и неколку подготвителни натпревари со наши генерациски соодветни фудбалски клубови и школи.

СРЦ „Билјанини Извори“ во 2020 година во континуитет е домаќин на фудбалските тимови од соседните држави, Р.Србија, Р.Албанија, Р. Бугарија и Р.Косово. Ако месец јануари беше припремен месец на сениорските фудбалски тимови месец февруари слободно можеме да го именуваме како месец на припреми на фудбалските подмладоци од клубовите од соседните држави.“ – информираат од ЈП „Билјанини Извори“.