26/04/2024
Охрид

Георгиески: Нова патна мрежа во селските средини

Постојано работиме на проекти за намалување на разликите помеѓу градските и селските средини и нашата цел е да обезбедиме инфраструктура за сите. Градиме одговорно, квалитетно и домаќински, за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата околина, рече кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ и коалицијата, Константин Георгиески.

„Во изминатиот период реализиравме голем број проекти во руралните подрачја на нашата општина. Асфалтирани се неколку улични краци селата Лескоец, Велгошти, Љубаништа и Коњско. Извршена е реконструкција на пристапни патеки и тротоари во селата Косел, Пештани и Горно Лакочереј, а беше извршена и реконструкција на патниот правец Косел-Вапила.

Во наредниот период ќе бидат реализирани и низа активности за уредување и реконструкција на неколку локални патишта во селските средини на општина Охрид. Планирана е изградба на патен правец во село Велгошти до црквата Св.Никола и Реконструкција на локалниот пат од село Вапила до село Расино во должина од 3300 метри. За овие два патни правци веќе се изработуваат основни проекти. Исто така во тек е изработка и на основен проект за Изградба на патен правец од село Лакочереј до село Лескоец.

Во рамки на Годишната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици планирана е Изградба на локален пат од село Свиништа до црквата Св.Богородица во должина од 1050 метри; Реконструкција на локалниот пат за село Куратица во должина од 5.500 метри; Изградба на дел од локален пат за село Плаќе; Реконструкција на патните правци за селата Завој и Свиништа и Реконструкција на локален пат од Регоналниот патен правец Охрид-Св Наум до автокампот Љубаништа во должина од 990 метри.

Посветени сме на барањата на граѓаните за континуирано подобрување на условите за живеење. Ветуваме реални и остварливи проекти, а охриѓани знаат да ги препознаат вистинските вредности. Ја очекуваме Вашата поддршка и во вториот Изборен круг на 5-ти мај! Само заедно можеме да го направиме Охрид подобро и посакувано место за живеење! Заедно Напред, За Охрид! Заедно за уште една голема победа!“ – истакна Георгиески.