26/04/2024
Македонија

Горан Јованов со изложба на графики во Гевгелија

Самостојна изложба на графики на ликовниот уметник Горан Јованов од синоќа е поставена во галеријата „Амам“ во Гевгелија. Јованов се претставува со 30-тина дела графики, изработени во класична и дигитална графика…

Според уметникот Јованов, дигиталната графика во денешно време е се почесто користен медиум од страна на креативци, дизајнери и уметници.

Ликовниот уметник и професор Тони Васиќ, кој го следи творештвото на Јованов од неговите почетоци како студент на Факултетот за ликовни уметности во Скопје до денес како активен и вреден чинител на ликовната сцена, смета дека тој оправдано го заслужува насловот мајстор на графиката – особено на длабокиот печат.

Горан Јованов магистрирал на Факултетот за ликовни уметности, Скопје на отсекот графика под менторство на проф. Димитар Малиданов. Досега има реализирано повеќе самостојни изложби, учествувал на повеќе ликовни колонии и работилници и добитник е на повеќе награди во Македонија и во странство.