29/04/2024
Македонија

Врачени државните награди „Св.Климент Охридски“

Во чест на празникот „Свети Климент Охридски“ во Собранието на Република Македонија на 8 декември на неколку добитници им беше врачена истоимената државната награда за 2017 година…

Добитници годинава се професорот и писател Венко Андоновски и историчарот Наим Алими во областа на воспитанието и образованието, и музичкиот уметник Гарабет Тавитјан, писателот Јордан Плевнеш и филмологот Илинденка Петрушева во областа на културата и уметноста.

Одлуката ја донесе Организацискиот одбор за државната награда „Св. Климент Охридски“ под претседателство на академик Владо Камбовски.

Од името на добитниците се заблагодари проф.д-р Венко Андоновски, кој рече дека наградата е незамислива ако не каже дека е посветена на Филолошкиот факултет каде е одржано првото предавање со кое е почнат универзитетот и универзитетскиот живот во Република Македонија на тема „Словенски просветители“. „Без филм, филмска критика и филмологија, без драма, театар, проза, без музика, без историја нема стварност. Свети Климент е ученик и учител. Сите ние сме учеле од некого, значи сме биле ученици, а сме и учители“, рече Андоновски.

Претседателот на Одборот за доделување на наградата, академик Владо Камбовски рече дека Св.Климент не останал во историјата на Македонија и на други балкански народи само како мистка претсава за една историска личност, туку дека поради заслугите тој е прогласен и за патрон на Македонската православна црква-ОА.Милениумското почитание кон Св.Климент, рече Камбаовски говори за сознанието дека светот го движат идеите кои се вечни и изразуваат космичка сила на пресоздавањето.
На врачувањето на наградата присуствуваа премиерот Зоран Заев, министри, академици, уметници. „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.