27/04/2024
Македонија

Истрагата за авионската несреќа е во тек

Денеска владиниот Комитет за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, одржаа прес-конференција за авионската несреќа во која трагично го загубија животот четири државјани на соседна Република Бугарија во вторникот (2-ри април), во атарот на Солунска Глава.

На оваа прес-конференција се обрати претседател истражителот на Комитетот Зоран Илиевски кој презентираше досегашни факти од истрагата по трагичната несреќа, за која објасни дека по завршениот увид во истрагата се утврди дека авионот е паднат во особено тешки услови, особено и поради снегот кој е присутен на повисоките места на планинскиот врв Солунска Глава. Истрагата е сѐ уште во тек, за утврдување на сите детали за несреќата.

Со цел да се заврши успешно истрагата на 4.4.2019 е донесена одлука за формирање на Комисија за истражување на конкретната воздухопловна несреќа која ќе биде составена од членовите на Комитетот и надворешни експерти во доменот на воздухопловство, од домашните институции и компании или доколку е потребно ќе бидат вклучени и агенции или центри за истраги од соседството или други држави.

Од август минатата година воспоставена е соработка со Центарот за истраги на авионски несреќи во соседна Република Бугарија, а наскоро ќе се потпише и меморандум за соработка со владиниот Комитет за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти на двете држави.

Со цел спречување на ширење на шпекулации во јавноста, денеска на оваа прес-конференција Комитет за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти ги презентираше своите две основни дејности од кои прва и основна дејност е истрагата на воздухопловни несреќи и на сериозни инциденти со цел да се утврди причината на несреќата, втора основна дејност е превенцијата кога после изведените заклучоци се прават препораки од кои произлегуваат идните превенции на ваквиот тип на грешки.