26/04/2024
Охрид

Ќе се служи света литургија за празникот Св. свеш-мч. Харалампиј

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 23. февруари 2020 година (недела), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско Охрид ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. свешт-мч. Харалампиј“ со почеток во 08:45 часот. На литургјата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.