26/04/2024
Спорт

Кошаркарите ја совладаа и Романија

Првиот претквалификациски прозорец за Евробаскет 2021 е затворен со две победи запишани на два натпревара. Нашиот сениорски тим успеа за четири дена да ги совлада соодветните репрезентации на Косово, на гостински терен, и Романија на домашен терен.

Во Косово славевме со 76-73 додека во Скопје нашите сениори славеа со 90-76.

Следи мала пауза од два месеци, а следниот натпреваар ќе го одиграме на 2 декември против Косово на домашен терен.