26/04/2024
МакедонијаОхрид

Кривична пријава за двајца охриѓани кај кои била пронајдена дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и ,,овозможување на употреба наркотични дроги“.

На 26/27.07.2018 година во Охрид полициски службеници извршиле преглед над Д.П. и Г.Д., двајцата од Охрид. Притоа, Д.П. фрлил кеса со кокаин, а по преземени мерки било утврдено дека тој претходно купил кокаин и марихуана од пријавениот, кој им овозможил да конзумираат кокаин и марихуана.