26/04/2024
Македонија

Нов културен бран во Штип: „ТЕКСТИЛиЈАДА“ – Со уметност за правата на текстилните работнички

На 15 и 16 декември во Штип се одржа манфиестацијата „ТЕКСТИЛиЈАДА’ во организација на „Гласен текстилец“, која беше поддржана од Новиот културен бран на Министерството за култура. Беше отворена изложбата “Текст,сила,текстилна“, се одржа потеско читање со средношколци и дебата за човековите права, а се одигра монодрамата “Сонот на обесправените во текстилот”…

Во Штип вчера во Културниот центар Текстил беше поставена изложбата “Текст,сила,текстилна” на Јана Јакимивска и студентите од УГД- Штип. Изложбата има цел да проговори за правата на текстилните работнички во Македонија. Делата, како што велат авторите, зборуваат за невидливите раце на текстилните работнички и за облеката која “не прави луѓе”, како и за нивните животни голготи.

Пред изложбата се одржа дебата за човековите права, поетско читање со учениците од средните училишта од Штип на тема „Животот на текстилните работници”, а во Домот на културата „Ацо Шопов“ се одигра и монодрамата “Сонот на обесправените во текстилот” чиј автор и изведувач е Ивана Грозданова, а режијата е колективна – на КУЦ „Текстилец“ и организацијата „Гласен текстилец“. Во оваа монодрама се говори за проблемите со кои текстилните работници се соочуваат, како и потребата од солидарност и борба за работничките права. По претставата следуваше и дебата со авторката.

Проектот ТЕКСТИЛиЈАДА е во оранизација на граѓанското здружение „Гласен текстилец’ од Штип, а се реализира со поддршка и од Хелсиншкиот комитет за човекови права и од Фондацијата Фридрих Еберт.