Мицкоски: Неправдата мора да престане, неработењето и неспособноста на власта мора да се промени

Охрид и охриѓани се за концептот за ,,Обнова на Македонија” учествувајќи во разговори со претседателот  на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со свои идеи, сугестии и предлози за креирање решенија и програми.

„Неправдата мора да престане, неработењето и неспособноста на власта предводена од СДСМ мора да се промени. Нашите деца заслужуваат подобра иднина.

Граѓаните бараат промени, затоа што знаат дека вака повеќе не оди. Поразите ќе завршат на 12 април кога ќе победи обновата. Охрид и Македонија можат и умеат подобро, тоа го  заслужува нашиот народ.“- рече Мицкоски.

This slideshow requires JavaScript.