26/04/2024
Македонија

Нов влажен бран и опаѓање на температурите за време на викендот

Како што информираат од УХМР, утре претпладне ќе дува засилен јужен ветер. Под влијание на нов влажен бран в сабота од пладне и ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови. Во ноќните часови на планините врнежите ќе бидат од снег, а во недела врнежи од слаб снег ќе има и на некои повисоки места.

Од недела под влијание на северно воздушно струење температурите значително ќе опаднат.