26/04/2024
Охрид

НВО Коалицијата на Египќаните оствари средба со високи претставници на Мисијата на ОБСЕ

Лидерот на НВО КОАЛИЦИЈАТА НА ЕГИПЌАНИТЕ, Демир Далип ја реализира најавуваната средба со високи претставници на мисијата на ОБСЕ во Р.Македонија. Како, се наведува во соопштението, Далип остварил средба со Сара Барбиери-виш офицер за демократско владеење и општествена кохезија. На средбата, биле опфатени суштествени прашања, кои ги засегаат припадниците на етничката заедница на Египќаните во Р.Македонија. Со ова, продолжува да се реализира најавената Агенда на НВО КОАЛИЦИЈАТА НА ЕГИПЌАНИТЕ, да се реализираат средби со највлијателните Амбасадори во Р.Македонија. Претходно, делегација на Египќаните имаа средба со Евроамбасадорот Самоел Жбогар како и со претставници на ОБСЕ. Кон средината на септември се очекува Демир Далип да оствари средба и со Амбасадорот на САД во Р.Македонија, Џес Бејли.