26/04/2024
Охрид

Одличен концерт на Каролина Гочева во Охрид

Охрид уште еднаш докажа дека е жеден за добра музика и забава. Каролина Гочева синоќа одржа одличен концерт за пребирливата охридска публика.

Песните од новиот албум „Извор“ илјадната публика во Спортската сала „Билјанини извори“ ги пееше во еден глас со Гочева и нејзиниот одличен пратечки бенд составен од 10 фантастични музичари. Никола Мицевски е комплетен автор на сите десет нови песни, а стиховите за девет од нив ги напиша Весна Малинова.

Во вториот дел од концертот Каролина се претстави и со неколку нумери од албумите „Македонско девојче“ 1 и 2, кои исто така беа одлично прифатени од публиката.

Концертот беше во организација на FEEL Продукција и беше официјална охридска промоција на новиот албум на неповторливата Каролина Гочева.