26/04/2024
Спорт

Охрид домаќин на Младински турнир ЛАСКЕР 2018

Утре, на 10.10,2018 година во 20:00 часот во Хотел Филип Охрид, ќе биде свечено отворено третото издание на Младински турнир ЛАСКЕР 2018. Техничката конференција е од 20:00 до 21:00 часот, на отворањето со музичка точка ќе настапат младата виолинистка Марија Џуклеска, ученичка во Општинското музичко училиште Методиј Патчев од Охрид, во пијано придружба на проф. Даниел Чуркоски.

Од 11 до 14 Октомври во Хотел Филип населба Долно Коњски Охрид ќе се одржи третото издание на меѓународниот Младински турнир во шах „ЛАСКЕР 2018“ на кој ќе земат учество 100 млади шахисти од Албанија, Бугарија, Србија, Хрватска, Турција и Македонија.

Турнирот е во организација на Шаховски Клуб ЛАСКЕР Охрид со подршка од Шаховска Федерација на Македонија, Хотел Белведере Охрид и АРС Ламина Публикација Скопје.