26/04/2024
Спорт

Фудбалските легенди ја одбележаа Европската недела на спортот

По повод одбележувањето на Европската недела на спортот, синоќа на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“ ревијален натпревар одиграа фудбалските легенди Илија Најдовски, Драган Канатларовски, Вујадин Станојковиќ, Ѓоре Јовановски, Зоран Јовановски, Игор Митревски, Ѓорѓи Христов, Зоран Бошковски – Чоко, Артим Шаќири, Стојмир Урошевиќ, Драган Веселиновски, Неџат Шабани, Горан Ѓеоргиевски, Љупчо Марковски, Панче Ќумбев, Влатко Гроздановски, Светозар Станковски, Жарко Серафимовски, Кочо Димитровски, Саша Ќириќ, Срѓан Захариевски, Драган Мутибариќ, Данчо Целески, Љупчо Кметовски и Томе Пачовски.

Целта на Проектот на Европската комисија „Европска недела на спортот“ која се одржува на територија на цела Европа од 23 до 30 септември, е спорт за сите возрасни категории, на сите места, во секакви услови, а крајниот ефект е остварување на идеите на Европската недела на спортот – придобивките од активностите во текот на спортската недела да имаат траен ефект, односно да останат во навиките на секој поединец во Македонија.