27/04/2024
Охрид

Охриѓани вечерва можат да го набљудуваат феноменот „снежна“ и „гладна“ Месечина

Охриѓани вечерва можат да го набљудуваат феноменот „снежна“ и „гладна“ Месечина.

Февруарската полна Месечина е најголемата и најсветла Супер-Месечина во 2019 година. Имено, Месечината денес се наоѓа на најблиско растојание до Земјата, поточно на 356,761 километри, затоа изгледа 14% поголема и 30% посјајна од вообичаено.

Оваа февруарска Супер-Месечина се нарекува и „снежна Месечина“ или „гладна Месечина“. „Снежна“ се нарекува поради тоа што се случува во зима и често се регистрирани обилни врнежи од снег, додека пак „гладна“ се нарекува бидејќи нејзината појава се случува во период кога има најмалку храна во природата, а и условите за лов се тешки.

WebOhrid