Соопштение за организирање јавна анкета и јавна презентација
Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/14, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) и Oдлуката за организирање јавна анкета и јавна презентација бр. 19-2259/5 од 17.05.2021 година, Градоначалникот на општина Охрид дава ,
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА на
ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА БР.1 на КП 2751/4, КП 2751/5, КП 2751/6, КП 2752/1, КП 2752/2, КП 2752/4, КП 2753/1, КП 2753/3, КП 2754/1, КП 2754/2, КП 2756/5 и КП 2756/7 во КО Коњско (изградба на објекти со намена А4 – времено сместување), општина Охрид, со тех.бр.08/18 од април 2021 година, изработена од ДПГ ,,СНЕГАР КОМПАНИ“ ДООЕЛ Охрид.
СЕ ОРГАНИЗИРА јавна анкета и јавна презентација на ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА БР.1 на КП 2751/4, КП 2751/5, КП 2751/6, КП 2752/1, КП 2752/2, КП 2752/4, КП 2753/1, КП 2753/3, КП 2754/1, КП 2754/2, КП 2756/5 и КП 2756/7 во КО Коњско (изградба на објекти со намена А4 – времено сместување), општина Охрид, со тех.бр.08/18 од април 2021 година, изработена од ДПГ ,,СНЕГАР КОМПАНИ“ ДООЕЛ Охрид.
- Проектниот опфат зафаќа дел од КП КП 2751/4, КП 2751/5, КП 2751/6, КП 2752/1, КП 2752/2, КП 2752/4, КП 2753/1, КП 2753/3, КП 2754/1, КП 2754/2, КП 2756/5 и КП 2756/7 во КО Коњско, општина Охрид, со вкупна површина од 1968 м2.
- Јавната анкета ќе трае од 27.05.2021 – 02.06.2021 год.
- Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 31.05.2021 год. со почеток во 12.00 часот.
- Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица, планската документација ќе биде истакната во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци.
- Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 13 до 15 часот во просториите на општина Охрид.
- Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.