Повик за поднесување на предлог – проекти во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2018 – 2019

Националната комисија  за УНЕСКО  при Министерството за култура известува дека  Генералниот директор  на УНЕСКО упатува повик до државите членки  да поднесат барања за реализација  на проекти во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2018-2019 година, кои треба да бидат во согласност со приоритетите на Регуларната програма на организацијата.

Секоја  членка,  преку својата  Национална комисија за УНЕСКО,   може да поднесе најмногу до 7  барања или предлог национални проекти (2 предлог-проекта од областa  на  науката, 2 предлог-проекта од областa  на  образованието и 2 предлог-проекта од областa  на  културата, и 1 предлог-проект од областа на животната средина) и 1  регионален  предлог  проект.

Националните проекти се финансираат до 26.000 долари, интеррегионалните и субрегионалните  проекти  до 28.000, а регионалните проекти до  38.000 долари.

Со цел да се обезбедат потребните поддршки од другите држави за меѓународните проекти и навреме да се достават до УНЕСКО, краен рок за поднесување на предлозите за проекти во Министерството за образование и наука е 5  јуни 2018 година.  

Предлог-проектите од областа на образованието и науката задолжително се поднесуваат на  македонски јазик со верзија на англиски или француски јазик.

Сите предлог проекти кои ќе бидат доставени после наведениот датум нема да бидат земени  во предвид.

Подетални информации за условите и постапката за  избор на предлог проектите може да се  најдат во Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2018  – 2019 година  – 39 Ц/5, на интернет страна на УНЕСКО (www.unesco.org).

Формуларите за поднесување на предлог проекти може да се преземат од следнава интернет адреса:

http://www.unesco.org/new/en/member-states/mscontent/participation-programme/