26/04/2024
Охрид

Повреден мотоциклист на патот Трпејца – Отешево

На 03.07.2018 година во 13:30 часот на регионалниот пат с.Трпејца-с.Отешево, охридско, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Сим-јет“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц. (25) од Охрид и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.П. (37) од с.Карамани, битолско. В

о незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ од каде бил пренесен во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.