22/04/2024
Струга

Стружанец повреден пред кафе бар во Вевчани

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.А. (20) од Вевчани, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 09.06.2018 година пред кафе бар во Вевчани, по претходна вербална расправија, пријавениот физички го нападнал Б.П. (25) од Струга и му нанел тешки телесни повреди.