26/04/2024
Струга

Повредени четири лица во сообраќајка на крстосницата од регионалниот пат Струга – Дебар и локален пат за с.Долна Белица

На 04.11.2019 во 12.35 часот на крстосница од регионалниот пат Струга – Дебар и локален пат за с.Долна Белица, струшко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничо моторно возило „фолксваген голф“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Л.А.(54) од с.Ливада, струшко, патничко моторно возило „фолксваген пасат“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.Р.(54) од с.Велешта, струшко, и патничко моторно возило „фолксваген пасат“, со охридски регистарски ознаки, управувано од М.С.(64) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „фолксваген голф“, К.Д. (58) од с.Ливада, а со телесни повреди се здобиле возачот Л.А., возачот Ш.Р. и совозачот на возилото „фолксваген пасат“, со охридски регистарски ознаки, Ц.С.(59) од Охрид. Тие биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид.